• четврток, 26 март 2026

Неготинската градоначалничка го посети првото бебе во 2026 од Неготино

Неготинската градоначалничка го посети првото бебе во 2026 од Неготино

Неготино, 4 јануари 2026 (МИА) - Неготинската градоначалничка Марија Нацева го посетила првото бебе во 2026 година од Неготино.

-Новиот живот е најголемиот благослов и најубавиот почеток за нашата заедница. Со многу љубов и радост му посакуваме добредојде на првото новороденче од општина Неготино. Денес имав чест и огромно задоволство да го посетам првото бебенце родено во оваа година и неговата храбра мајка. Нема поубав симбол за нова надеж од првата средба со најмладиот жител на нашата општина, сподели градоначалничката на Фејсбук.

Таа упати честитки до родителите и посака многу здравје и бескрајни моменти на среќа.

-Како општина, остануваме посветени на градење подобра иднина и поддршка за секое семејство. Нека ова бебенце донесе среќа во домот на своите родители и нека биде предвесник на успешна и плодна година за сите нас. Упатувам искрена благодарност и почит кон д-р. Борче Сиваков со целиот негов тим за грижата и посветеноста кон сите бебиња и мајки на одделот, додаде Нацева. свд/вг/


Фото: Фејсбук на Марија Нацева

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан