Неготино ќе има јавна расправа за нови работни места преку намалување на даноци, комуналии и такси
- Во Неготино ќе се одржи јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општината, информираа денеска од локалната самоуправа.
Неготино, 7 февруари 2022 (МИА) - Во Неготино ќе се одржи јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општината, информираа денеска од локалната самоуправа.
Во салата за состаноци на општина Неготино в среда ќе се одржи јавна трибина на која ќе се расправа по проектот „Стимулација за инвеститори“.
- Имено, општина Неготино започна постапка за донесување правилник со кој ќе се утврдуваат мерките и критериумите за стимулација на инвестиции, односно изградба на нови и проширување на постоечките стопанско-индустриски капацитети, појаснија од локалната самоуправа.
Нагласуваат дека основната цел на проектот „Стимулации за инвеститори“ е отворање нови работни места во општина Неготино, преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси. свд/цр