Неготино со повеќе приоритети, на форумска сесија предложени шест концепти за проекти од јавен интерес
- Општина Неготино има повеќе приоритети, на форумска сесија предложени беа шест концепти за проекти од јавен интерес, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.
Неготино, 16 март 2023 (МИА) - Општина Неготино има повеќе приоритети, на форумска сесија предложени беа шест концепти за проекти од јавен интерес, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.
- На втората форумска сесија беше предложено подобрување на пристапност за лица со посебни потреби со пристапни рампи, сензорна соба, реконструкција на тротоари, уредување на Културно рекреативен центар, обезбедување на возило за лица со посебни потреби и обезбедување на лифт во општинската зграда. Следи развивање на шест предлог проекти, соопштија од Општината за МИА.
Оттаму појаснија дека на четвртата форумска сесија, ќе се одобрат минимум еден, или максимум три проекти за спроведување, зависно од финансиските средства потребни за реализација.
Форумот во заедницата, локалната самоуправа Неготино го реализира во соработка со УНДП Македонија, Амбасадата на Швајцарија и Министерство за локална самоуправа. свд/дма/
Фото : Општина Неготино