Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии
- Општина Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии, во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното - 2025 година“, што се организира по повод 14 февруари, празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
Неготино, 29 јануари 2025 (МИА) - Општина Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии, во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното - 2025 година“, што се организира по повод 14 февруари, празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
- И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители. Се организира натпревар во дегустација на вина (бели, црвени и розе) од реколтата 2024 година и ракии од индивидуални производители и семејни винарии, на кој право на учество имаат производители од општина Неготино, соопштија од Службата за информирање.
Натпреварот ќе се одржи на 12 февруари, потребните мостри на ракија и вина можат да се достават најдоцна до десетти февруари. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од членови на Здружението на енолози на Македонија. За производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија, што ќе им бидат доделени на централната прослава, што ќе се одржи на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино. свд/са/
Фото: МИА