Невреме и силен ветер предизвика материјална штета на првиот крак на Халкидики
- Општина Касандра на првиот крак на Халкидики претрпе материјална штета од синоќешното невреме проследено со силен ветер, а особено погодени беа приморските места Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 ноември 2023 (МИА) – Општина Касандра на првиот крак на Халкидики претрпе материјална штета од синоќешното невреме проследено со силен ветер, а особено погодени беа приморските места Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општина Касандра соопштија дека ја регистрираат штетата и бараат да се прогласи вонредна состојба за брза санација.
Ветерот достигнал јачина од 10 Бофори (над 55 километри на час) и предизвикал бранови во висина од 12 метри, кои стигнале до улиците и тротоарите.
- Веќе побаравме од државата да не поддржи со прогласување вонредна состојба во општината за да постојат потребните средства што ќе ни помогнат да ги санираме штетите. Се надеваме дека нашето барање веднаш ќе добие одговор од надлежните министерства, рече градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа. ср/ми/
Фото: Општина Касандра