НВО „Градиме иднина“: Во земјава дневно питачат по две илјади лица
- Во земјава дневно питачат по две илјади лица. Нашите истражувања покажуваат дека на територијата на цела држава има над четири илјади питачи, истакна на денешната прес-конференција Илија Јова

Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Во земјава дневно питачат по две илјади лица. Нашите истражувања покажуваат дека на територијата на цела држава има над четири илјади питачи, истакна на денешната прес-конференција Илија Јованов, претседател на Здружението „Градиме иднина“ - Скопје.
- Ние како здружение за осум месеци успеавме да остраниме од питачење 1.500 лица. Ги предупредувавме, ги насочувавме каде да ја барат помошта и дека решението не е во питачењето и не им е тука работното место, рече Јованов.
Тој информира дека денеска во Полициската станица Гази Баба оствариле средба со претставници од полициските станици Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Ново Лисиче, Карпош, Гази Баба и Сарај за да се изнајде решение и околу тоа дека организаторите и макроата ги злоупотребуваат децата, и кои им ги одземаат парите што. Како што рече, за жал децата не ги добиваат парите од дневниот промет кој го прават од три до пет илјади денари.
Посочи дека претставниците на полициските станици истакнале дека професионално, совесно и одговорно ја вршат функцијата до постапувањето со поднесување на кривични пријави, приведување на малолетни деца, и на повозрасни лица кои прават прекршок, чествуваат во прекршокот и кои ги стават опасност – и самите себеси се ставаат во опасност, како и возачите на улиците каде што питачат.
