• недела, 22 декември 2024

НБА: Ото Портер стави крај на кариерата

НБА: Ото Портер стави крај на кариерата

 

Њујорк, 12 март 2024 (МИА) – Американскиот кошаркар Ото Портер одлучи на 31 – годишна возраст да стави крај на својата професионална кариера во која освои НБА титула во дресот на Голден Стејт во 2022.

„Во текот на изминатите 11 години го живеев својот НБА сон во кој најголемиот дострел секако е освојувањето на шампионскиот прстен. За жал, телото не ми дозволува понатаму да играм на нивото на кое морам да бидам и затоа одлуката да заминам е единствено логична“, порача Портер преку социјалните мрежи.

Портер на драфтот во 2013 година беше трет избор на Вашингтон.

Подоцна настапуваше за Чикаго, Орландо, Голден Стејт и на крајот, од 2022 година, беше член на Торонто. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан