• петок, 26 април 2024

НБА: Ленард сè уште неизвесен за стартот на плејофот

НБА: Ленард сè уште неизвесен за стартот на плејофот

 

Лос Анџелес, 19 април 2024 (МИА) – НБА лигашот Лос Анџелес Клиперс објави денеска дека сè уште не се знае дали ќе може да го има својот најдобар играч Кави Ленард на стартот на плеј-офот.

Во првото коло ЛА Клиперс игра против Далас, а клубот од Лос Анџелес е домаќин на првиот натпревар, в недела од 21:30 часот по средноевропско време.

Поради проблеми со десното колено Ленард паузираше од крајот на март и ги пропушти последните осум натпревари од регуларниот дел од сезоната.

„Има напредок во неговото закрепнување, но воспалението мора да продолжи да се намалува за да може нормално да функционира на теренот. Сите се надеваме дека ќе биде подготвен уште од првиот натпревар за голем напор против Далас“, изјави клупскиот претседател Лоренс Франк.

ЛА Клиперс не сакаат да избрзуваат со неговото враќање на паркетот за да не се повтори сценариото од минатата сезона. Тогаш Леонард го одигра првиот натпревар од плеј-офот против Феникс, но потоа го скина менискусот на десното колено.

Леонард оваа сезона имаше просек од 23,7 поени по натпревар со 6,1 скокови и 3,6 асистенции за ЛА Клиперс. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан