НБА: Бостон и Индијана изборија четвртфинале, Денвер поведе против Клиперс
- Актуелниот шампион во НБА-лигата, екипата на Бостон селтикс се пласира во четвртфиналето во плејофот, откако ноќеска уште еднаш славеше победа на Орландо меџик.
Бостон, 30 април 2025 (МИА) – Актуелниот шампион во НБА-лигата, екипата на Бостон селтикс се пласира во четвртфиналето во плејофот, откако ноќеска уште еднаш славеше победа на Орландо меџик.
Првото коло од разигрувањето за трофејот го мина и Индијана пејсерс по четвртиот триумф над Милвоки бакс.
На чекор до втората рунда е Денвер нагетс по успешната вечер на средбата со Лос Анџелес клиперс.
Резултати на натпреварите во НБА плејофот одиграни ноќта вторник кон среда:
Индијана – Милвоки 119:118 (по продолжение) 4:1 во серијата
Њујорк – Детроит 103:106, 3:2 во серијата прв до четири
Бостон – Орландо 120:89 ,4:1
Денвер – ЛА клиперс 131:115, 3:2.
Во четвртфиналето Индијана ќе се соочи со Кливленд, додека Бостон ќе го чека победникот од двојката Њујорк – Детроит. зс/
Фото: ЕПА