• среда, 15 мај 2024

На 113 семејства во Општина Кисела Вода ќе им бидат доставени ваучери за новороденчиња

На 113 семејства во Општина Кисела Вода ќе им бидат доставени ваучери за новороденчиња
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска потпиша 113 решенија за доделување средства за новородените деца од овој дел на градот. Семејствата со принова, од денеска па во наредните неколку дена, од страна на општинските служби, во својот дом ќе добијат ваучер од општината во износ од 6000 денари. - Доаѓањето на новиот член во семејството е, и треба да биде најголема радост. Се надевам дека овие парични средства ќе им бидат од корист на родителите за првите потреби кои доаѓаат со новороденчето. Притоа, не е важно дали се работи за првородено, второродено, трето дете итн. Еднократна парична помош ќе има за сите новородени жители на општина Кисела Вода. Им посакувам да се живи и здрави и ветувам дека ќе им обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, порача Ѓорѓиевски. Општина Кисела Вода ги повикува сите нови родители кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Процедурата е многу едноставна, а деталите ги има на општинската веб-страница на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/170-dokumentacija-za-paricna-pomos-za-novorodence ир/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан