• среда, 25 декември 2024

На Шри Ланка прогласена вонредна состојба поради големите протести

На Шри Ланка прогласена вонредна состојба поради големите протести
Коломбо, 6 мај 2022 (МИА) – Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса прогласи вонредна состојба, давајќи и пошироки овластувања на војската поради зголемените демонстрации против Владата, изјави во петокот портпаролот на кабинетот на претседателот. Со тоа и се даваат овластувања на војската да апси и да приведува луѓе и да ги контролира јавните протести, наместо само полицијата да има такво овластување. Овој потег уследи откако десетици илјади луѓе учествуваа на улични протести барајќи од претседателот Раџапакса и неговата влада да се повлечат, поради што не работеа училиштата, владините служби и трговијата. Во градовите за време на демонстрациите низ целата земја беа поставени црни знамиња. јт/

Остани поврзан