• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На територија на СВР Тетово изречени 45 казни за брзо возење

На територија на СВР Тетово изречени 45 казни за брзо возење
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на територијата на СВР Тетово во периодот од 15.00 до 20.00 часот се санкционирани 45 возачи. Како што соопшти МВР, од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а четири со дури над 70 километри на час над дозволеното. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. - Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР. сп/

Остани поврзан