• недела, 21 јули 2024

На територијата на СВР Битола казнети 22 пијани возачи

На територијата на СВР Битола казнети 22 пијани возачи
Скопје, 24 јули 2022 (МИА) - При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, спроведена во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 4 часот на територија на СВР Битола, односно во Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар санкционирани се 22 возачи. - Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Прилеп - 17, потоа во Македонски Брод - четири и една санкција во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци, се наведува во соопштението. Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. - Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР. сп/

Остани поврзан