На територијата на земјава активни три пожари
- Денеска заклучно до 12 часот, на територијата на Северна Македонија има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, под контрола се 3 пожари, додека 6 сe изгаснати.
Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Денеска заклучно до 12 часот, на територијата на Северна Македонија има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, под контрола се 3 пожари, додека 6 сe изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се три пожари во Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (од приземен пожар, преминат во горење на букова шума и во Општина Босило: Старо Балдовци (тополи).
Под контрола се три пожари - Општина Гази Баба: с.Трубарево (електричен отпад); Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре). Општина Делчево: Депонија Острец (запален отпад).
-Изгаснати се шест пожари, во Општина Зелениково: с.Вражале (борови насади); Општина Шуто Оризари: Ул. Хаџи Јован Шишко ( запалено ѓубре) Општина Крушево: Градска Депонија ( запален отпад); Општина Кичево: с. Другово (запалено стрниште); Општина Куманово: с. Љубодраг (запалена куќа) i Оштина Карбинци: с. Д и Г Тогерци (Запалено стрниште), се наведува во соопштението на ЦУК. нд/дма/
Фото: МИА архива