• петок, 22 ноември 2024

На Тајланд годинава од топлотен удар починаа над 30 луѓе

На Тајланд годинава од топлотен удар починаа над 30 луѓе

Бангкок, 25 април 2024 (МИА) – Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година.

Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови.

Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан