• петок, 05 декември 2025

На Табановце и Богородица се чека до 40 минути

На Табановце и Богородица се чека до 40 минути

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - На граничните премини Табановце и Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан