• петок, 22 ноември 2024

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - Сите фармери кои од септември до декември 2020 година набавиле педигрирани кози и овци ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка за набавениот добиток. Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), крајниот рок за доставување барања е 28 февруари 2021 година. Станува збор за мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, чии корисници може да бидат сите фармери што набавиле стока од признати организации согласно Законот за сточарство и имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) согласно Закон за земјоделство и рурален развој. -Максималната финансиска поддршка за оваа мерка е до 6.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник. Поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, вели директорот на Агенцијата, Никица Бачовски. Бачовски објаснува дека ставката за кофинансирање се зголемува ако се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55 отсто, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60 проценти, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65 отсто и за инвестиции во недостапни рурални заедници 75 проценти. Барањата се поднесуваат електронски со регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. мч/сст/  

Остани поврзан