• недела, 22 декември 2024

На протестите пред Собранието приведени десет лица

На протестите пред Собранието приведени десет лица
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Вкупно десет лица се приведени денеска поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието, по член 236 од Кривичниот законик.
Од МВР велат дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. ар/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан