На претставувањето на Ендрик во Реал присуствуваа 43 илјади гледачи
- На денешната промоцијата на Ендрик во Реал Мадрид присуствуваа 43 илјади навивачи.

Мадрид, 27 јули 2024 - На денешната промоцијата на Ендрик во Реал Мадрид присуствуваа 43 илјади навивачи.
Осумнаесетгодишниот напаѓач потпиша договор со шпанскиот клуб и официјално беше претставен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Да потсетиме, на претставувањата на Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе како мадридски фудбалери присуствуваа 80 илјади фанови.
Кога Роналдо се пресели во Реал Мадрид, тој имаше 24 години, Мбапе дојде неодамна со наполнети 25 години. зс/
Фото: ЕПА