На преминот „Блато“ кај Дебар, средба на претставници на македонската и албанската полиција
- На граничниот премин Блато, на албанско – македонската граница кај Дебар, денеска се одржа средба на претстваници на Полициските комесаријати од Пешкопеја и Кукс и граничната полиција на Сев
Дебар, 24 август 2022 (МИА) - На граничниот премин Блато, на албанско – македонската граница кај Дебар, денеска се одржа средба на претстваници на Полициските комесаријати од Пешкопеја и Кукс и граничната полиција на Северна Македонија, информраа од комесарјатот во Пешкопеја.
Поред истиот извор средбата е во рамки на спогодбата за соработка меѓу полициите на двете земји за успешно справување и управување со големиот протек на туристи, македонски и албански државјани.
При тоа е оценето дека благодарение на „координираните активности се избегнати задржувања со зголемување на бројот шалтерите на влез и на излез“.
-На средбата стана збор и за преземање мерки за спречување и борба против производство и трговија со наркотици преку граничната линија, шверц на акцизна и друга стока. Разгледана е и ситуацијата поврзана со фреквенцијата на преминот „Блато“ за време на туристичката сезона а разменети се и информации за нелегални активности долж границата и зголемување на патролите, стои во соопштението.
Додаваат дека средбата минала во прјателска атмосфера и во духот на соработка и разбирање со заеднички заложби во борбата против прекуграничниот криминал. вт/сст/