• четврток, 26 март 2026

На почетокот на септември почнува реализирањето на проектот „Струмица - паметен велоград“

На почетокот на септември почнува реализирањето на проектот „Струмица - паметен велоград“
Струмица, 9 август 2022 (МИА) - На почетокот на септември треба да почнат градежните работи за реализирање на проектот „Струмица - паметен велоград“ со изградба и обележување велосипедски патеки на булеварите „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Климент Охридски“, Градскиот парк и седум улици во градот. Ова го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по состанокот на тимот одговорен за спроведување на овој проект. - Слоганот на проектот е „Сè е блиску”, блиски се растојанијата за возење велосипед, но блиску е и времето кога нашата Струмица ќе биде современ европски велоград, рече Костадинов. Средствата за овој проект во износ од 750 илјади евра се обезбедени од ЕУ, а велосипедската патека е со должина од 13 километри. Проектот е поделен во три фази и годинава фокусот ќе биде поставување велосипедска инфраструктура, која е приоритетна, а целосната изградба е планирано да заврши во 2024 година. рт/сст/

Остани поврзан