• четврток, 11 јули 2024

На планината Плачковица викендов фестивалот „Ја сакам Плачковица“

На планината Плачковица викендов фестивалот „Ја сакам Плачковица“

Штип, 10 јули 2024 (МИА) - Викендов на планината Плачковица ќе се одржи  јубилејно 20. издание на „Ја сакам Плачковица 2024“, информираше на денешната прес-конференција Милорад Ангелов еден од организаторите на настанот.

-Оваа година „Ја сакам Плачковица“ ќе понуди преубава Програма, ќе има различни дисциплини, како и секоја година, ќе имаме спортско качување, потоа опен деј на вештачка карпа, ќе имаме детска трка, ќе влегуваме во пештери, вели Ангелов.

 Посочи дека Плачковица треил ќе биде трка во должина од 18 километри со висинско качување од 750 метри, а за најдобрите ќе има и награди.  Во недела од 13 часот на програмата ќе биде „опен деј“ качување на вештачка карта за почетници и авантуристи. 20 годишното издание на „Ја сакам Плачковица“ ќе биде одбележано и со настап на групи од штипската рок сцена. На овој настан ќе се одржи и новата дисциплина „Виа ферата на врв „Лисец“ на планината Плачковица. Интересот за овој спортски фестивал е голем, а самиот настан ќе биде заокружен во недела од 21 часот со заедничко следење на финалето од Европското првенство. вдј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан