На патот Скопје - Тетово намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла
- Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје - Тетово.
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје - Тетово.
- Сите патни правци се проодни. На одредени места, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони - соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот. хс/са/
Фото: МИА архива