• четврток, 26 март 2026

На конкурсот на фестивалот „Весело штурче“ се пријавиле автори и учесници и од странство

На конкурсот на фестивалот „Весело штурче“ се пријавиле автори и учесници и од странство

Штип, 2 март 2023 (МИА) - Заврши конкурсот за фестивалот „Весело штурче“, а пристигнати се 82 пријави за учесници и 106 пријави за музика, текст и аранжман, информираше денеска директорот на фестивалот, Филип Стевановски.

Тој посочи дека бројот на учесници за фестивалот „Весело штурче“ оваа година е зголемен за 60 проценти. Конурсот заврши вчера, а годинава пријави пристигнале и од автори надвор од земјата, со што фестивалот добива меѓународен карактер.

-Според она што ние го имаме како бројка имаме 82 пријави за учесници и 106 пријави за музика, текст и аранжман. За прв пат оваа година имаме пријави и од странство, од Естонија, Германија и Австралија. Се прошируваме и надвор од нашата држава што е и цел на Весело штурче, да стане Меѓународен фестивал, вели Стевановски.

Според него, Комисијата ќе има тешка задача при изборот на учесници, но како што вели, го радува фактот што има зголемена заинтересираност и удвојување на бројот на пријави во споредба со  претходната година. Закажани се и аудициите, со што сите талентирани дечиња ќе бидат дел од овој фестивал.

-Па тежок избор, треба да избереме 20 до 22 композиции и исто толку солисти. Другите дечиња ќе бидат во хорот, навистина ќе биде тежок изборот. Аудуциите се закажани за 11 и 12 март во Дом на млади, информира Стевановски.

Конкурсот се реализираше во два дела, а  учесниците можеа да се пријавуваат во категорија за автори и во делот на музика.  Фестивалот „Весело штурче“ ќе се одржи во втората половина на септември. вдј/сст/

фото МИА

Остани поврзан