• недела, 22 декември 2024

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела.

Како што информираат од ДПМ, за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“; „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“; „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“; „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“; „Единствен матичен број“ (роман) од Лидија Димковска, издание на „Три“; „Во трка за животот“ (роман) од Петре Димовски, издание на „Дијалог“; „Увозникот на бели ноќи“ (повест) од Трајче Кацаров, издание на „Матица“; „Ако се родат некакви чувства“ (роман) од Блаже Миневски, издание на „Матица“; „Заборав“ (роман) од Томислав Османли, издание на „ВиГ Зеница“; „Сè уште можам нешто да сторам“ (роман) од Фросина Пармаковска, издание на „Или-или“; „Полиглот“ (роман) од Игор Станојоски, издание на „Муза“; „Топлица“ (роман) од Добре Тодоровски, самиздат; „Вонземјанки“ (раскази) од Влада Урошевиќ, издание на „Или-или“ и „Туѓинци и браќа“ (роман) од Ивица Челиковиќ, издание на „Паблишер“.

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 година пријавени се 7 дела: „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, издание на „Арс ламина“; „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски, самиздат; „Умоверзум“ од Фима Клетникова, издание на „Макавеј“; „Други далечини“ од Сашо Огненовски, издание на „ПНВ публикации“; „За сите времиња“ од Братислав Ташковски, издание на „ПНВ публикации“; „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова, издание на „Арс ламина“ и „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ, издание на „Караманови средби“.

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади пријавени се 6 дела: „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова, издание на „Едука Мак“; „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, издание на „Арс ламина“; „Палавковците Влатко и Емче“ од Владо Јаневски, издание на „Стрип квадрат“; „Бајки на нишалки“ од Ели Маказлиева, издание на „Едука Мак“; „Рокчето“ од Никола Маџиров, издание на „Арс ламина“ и „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, издание на „Чудна шума“.

За наградата „Димитар Митрев“ на најдобра книга критика и есеистика пријавени се 8 дела: „Од онаа страна на небиднината“ од Иван Антоновски, издание на „Дијалог“; „Просто и строго - Конески“ од Иван Антоновски, издание на „Матица“; „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева, издание на „Восток“; „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, издание на „Полица“; „Аспекти на македонскиот книжевен хронотоп“ од Мирјана Стојановска, издание на Битолски книжевен круг; „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајкоски, издание на „Прозарт“; „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски, самиздат; „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски, издание на Филозофски факултет.

Имајќи ја предвид потребата дел од делото да биде преведен на македонски јазик, УО на ДПМ до крајот на месец јули 2024 го продолжи рокот за достава на пријави за наградата „Мост“, која се доделува за дела напишани и објавени или двојазично, или на некој од јазиците на националностите. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан