• четврток, 26 март 2026

На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар

На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар

Битола, 20 јули 2025 (МИА) - Спасувачки тим предводен од раководителот Петар Нолев врши евакуација на повреден планинар кој утрово се повредил на локацијата „Кај камењарот“ на планината Баба, под врвот Пелистер.

Евакуацијата на македонскиот планинар се врши откако е активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување, а вклучени се Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи и други субјекти.

Според процедурата за заштита во планинаски предел, најнапред тимот ќе го извлече планинарот на безбедно место, а потоа во придружба на лекар ќе биде евакуиран, за што од ДЗС побараа поддршка од полициски хеликоптер и специјалци од полициските сили Тигри.мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан