Избори за францускиот Сенат
- Избори за пополнување на околу половина од местата во францускиот Сенат, Горниот дом на Парламентот, се одржуваат денеска во Франција, јави ДПА.
Париз, 24 септември 2023 (МИА) - Избори за пополнување на околу половина од местата во францускиот Сенат, Горниот дом на Парламентот, се одржуваат денеска во Франција, јави ДПА.
Речиси 77.000 локални и регионални политичари имаат право на глас на денешното делумно гласање. За разлика од Долниот дом, Националното собрание, Сенатот не се избира директно од народот.
Се очекува конзервативците да го задржат мнозинството во Домот. Таборот на претседателот Емануел Макрон во моментов има 24 места во Сенатот.
Сенатот се состои од 348 членови кои се избираат за шестгодишен мандат. На секои три години, околу половина од неговиот состав се обновува со избори. рп/
Фото: МИА архива