На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Париз, 7 март 2025 (МИА) - Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена утрово за време на работи што се извршувале на станицата Гар ду Норд (Gare du Nord) во Париз.
Сообраќајот околу станицата е целосно запрен. Прекинот на сообраќајот се однесува на локалните метро линии и меѓуградските и меѓународните возови, соопшти железничката компанија ТЕР.
Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.
Гар ду Норд е најпрометната железничка станица во Европа, со 214 милиони патници кои минуваат низ неа секоја година. зш/