• сабота, 06 јули 2024

На делница од автопатот Градско-Велес кај Венуле, мотоциклист се првртел и тешко се повредил

На делница од автопатот Градско-Велес кај Венуле, мотоциклист се првртел и тешко се повредил

Велес, 1 април 2021 (МИА) - На делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, 28-годишниот Н.П. од Велес, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, се превртел на коловозот и тешко се повредил, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 18 часот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил и увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. ад/сст/

Остани поврзан