• петок, 05 декември 2025

На Гран при во Барселона повторно ќе има трибина посветена на Фернандо Алонсо

На Гран при во Барселона повторно ќе има трибина посветена на Фернандо Алонсо

Барселона, 24 септември 2025 (МИА) - Организаторите на трката за Големата награда на Барселона во Формула 1 објавија дека повторно ќе има посебна трибина посветена на Фернандо Алонсо.

Трибината ќе има капацитет од 10.000 седишта и ќе се наоѓа во близина на 9. кривина.

Билетите за оваа трибина ќе се продаваат со попуст во споредба со останатите седишта.

Гран при Барселона-Каталонија 2026 е закажана да се одржи од 12 до 14 јуни. 

На трката на патеката „Каталуња“ во јуни година, трибината посветена на Алонсо беше исполнета со негови обожаватели. Двократниот шампион во Формула 1 е амбасадор на Барселона. Алонсо ужива многу респект кај Каталонците. 

Во меѓувреме, новата патека во Мадрид е подготвена да биде домаќин на Големата награда на Шпанија, закажана за 11 до 13 септември. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан