• сабота, 22 февруари 2025

На градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу му се заканува затворска казна до четири години

На градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу му се заканува затворска казна до четири години

Истанбул, 17 февруари 2025 (МИА) - На градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу му се заканува затворска казна од две до четири години и забрана за политичко дејствување по обвинението за „обид да се влијае врз судски службеник, вештак или сведок“, објавија турските медиуми.

Главниот обвинител на Истанбул го комплетираше обвинението против градоначалникот Имамоглу во врска со неговите забелешки пред судскиот експерт. Во обвинението, објавено денеска, се наведува дека градоначалникот се обидел да влијае на вештакот со тоа што јавно го нападнал.

На прес-конференција на 27 јануари, Имамоглу отворено го именуваше С.Б., вештакот во истрагите и судските случаи за наводна корупција поврзани со општинските претпријатија, тврдејќи дека С.Б. намерно бил распореден во предметите да го инкриминира него и општината. Потоа, обвинителството во Истанбул започна истрага во врска со изјавите дадени против С.Б.

Во обвинението се наведува дека по изјавите на Имамоглу С.Б. е подложен на кампања за клевета на социјалните мрежи и некои медиуми.

Самиот С.Б изјави дека никогаш не бил вмешан во лажно сведочење или други неправилности, како што тврдеше Имамоглу, и објасни дека бил назначен и како вештак во многу судски случаи во кои се вклучени други политички партии, освен Народнорепубликанската партија на Имамоглу.

Градоначалникот на Истанбул, од своја страна, тврди дека судските дела против него и другите општини што ги води партијата се политички мотивирани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан