На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
- На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Скопје, 3 август 2025 (МИА) - На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. бак/
Фото: МИА архива