• петок, 05 декември 2025

На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Скопје, 9 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

-Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Автомотосојузот  препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде штоима можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан