• сабота, 18 мај 2024

На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час

На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Скопје, 30 јули 2023 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан