• недела, 22 декември 2024

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути

Скопје, 16 јули 2023 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути.

Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. мд/фф/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан