На ГП „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час
- На граничниот премин Богородица вечерва времето за чекање е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните. бт/нд/
Фото: МИА
