• понеделник, 07 октомври 2024

На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата

На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата

Лондон, 12 септември 2024 (МИА) – На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.

Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот. ми/

фото: Икс

Остани поврзан