• петок, 22 ноември 2024

На „Богородица“ се делеа летоци за потребни документи и совети за побрзо да се премине границата

На „Богородица“ се делеа летоци за потребни документи и совети за побрзо да се премине границата

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници на граничниот премин „Богородица“ денеска делеа информативни летоци со важни информации, што можат да им помогнат на патниците да се подготват предвреме и да ги избегнат долгите чекања на граничните премини.  Во летоците се наведени сите потребни документи што патниците треба да ги имаат со себе, како и совети за тоа како да се организираат за побрзо и поефикасно преминување на границата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Притоа, особено се нагласува дека од посебна важност е патниците да ги следат инструкциите и препораките на полициските службеници и на тој начин и тие со своето поведение, да придонесат за намалување на времето на чекање и за побрз проток на сообраќајот, нагласуваат од МВР.

Граничната полицијата ги советува патниците да ги проверат нивните документи пред да тргнат на патување и да се осигураат дека ги исполнуваат потребните услови за преминување на границата.

- Со овие превентивни и едукативни мерки, РЦ за ГР ЈУГ се стреми да обезбеди пријатно и безбедно преминување на патниците за време на патувањата во текот на летната туристичкa сезона, истакнуваат од МВР. бд/сст/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан