• петок, 22 ноември 2024

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Богородица“ има задржување од околу 40 минути за излез од државата, додека на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 45 минути, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ки/дма/    

Остани поврзан