• сабота, 27 април 2024

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Најниска тепемература од 0 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во Дојран.

Најмногу наврнат воден талот за изминатите 24 часа до 07 часот има во Крива Паланка - 5 л/м2, како и во Охрид, Претор и Лазарополе каде е измерен 1 л/м2..

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 12 степени. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан