• недела, 26 јануари 2025

Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - Утринава најстудено во Битола и во Берово, каде е измерена минималната температура од -4 степени, а најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 4 степени целзиусови.

Како што информираат од УХМР, во Прилеп минималната температура е -3, додека -2 степени целзиусови се измерени во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид. Во Лазарополе и Крива Паланка минималната температура е -1 , во Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија е 0, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес 1, во Попова Шапка 2 и во Виница и Крушево се измерени 3 степени целзиусови.

Најголема снежна покривка има во Попова Шапка - 38 сантиметри, потоа Маврови Анови - 29, во Крушево - 11 и во Битола - 9.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. бт/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан