• петок, 20 декември 2024

Најстариот човек на светот го прослави својот 112. роденден

Најстариот човек на светот го прослави својот 112. роденден

Саутпорт, 26 авгyст 2024 (МИА) - Најстариот човек на светот, Џон Тинисвуд го прослави својот 112. роденден во домот за стари лица во англискиот крајбрежен град Саутпорт, каде што е сместен. Роден е во Ливерпул, на 26 август 1912, а во април оваа година стана најстариот човек на светот. Тој, инаку, вели дека неговата долговечност е „чиста среќа“.

- Немам никаков таен рецепт, немам поим зошто живеам толку долго. Не ги чувствувам тие години и не се возбудувам од рекордите. Претпоставувам дека затоа и ги доживеав, вели Тинисвуд. Тој не споделува никакви совети за долг живот и нема некоја посебна диета. - Јадам што ми даваат!, вели кусо Џон.

Во мигов, најстарата жена и најстариот човек на светот е 116-годишната Јапонка Томико Итоока.

Покрај тоа што е најстариот човек на светот, Џон е и најстариот жив навивач на ФК Ливерпул. Тој е роден само 20 години по основањето на славниот клуб и на некој начин бил сведок на 17 од 19-те титули на Ливерпул, и сите осум освоени ФА-купови. Новиот рекордер е во пензија од 1972 година, а вдовец од 1986 година. Со својата покојна сопруга има ќерка која лани наполни 80 години. си/ми/

Фото: Фејсбук-објава

Остани поврзан