• среда, 03 јули 2024

Најстарата панда во Мексико угина на 35-от роденден

Најстарата панда во Мексико угина на 35-от роденден

Мексико Сити, 8 јули 2022 (МИА) - Шуан Шуан, најстарата панда во Мексико, почина во зоолошката градина „Чапултепек“ во Мексико Сити, точно на својот 35-ти роденден.

Властите не ја соопштија причината за смртта на животното.

Инаку, просечниот живот на една панда во дивината трае околу 15 години. Шуан Шуан се родила 1987 година и беше една од пандите што живееле најдолго вон Кина - нивното природно живеалиште. си/ми/

Остани поврзан