• петок, 22 ноември 2024

Најскапите и најевтините дестинации за одмор ширум светот

Најскапите и најевтините дестинации за одмор ширум светот

Лос Анџелес, 19 април 2023 (МИА) - Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство... Така, едно од главните прашања е - каде треба да се оди според личниот, сопствен буџет?

„Травелер'с еликсир“ (Traveller's Elixir), меѓу 60 места низ светот, ги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на знаменитостите. Најевтиното место за пет ноќевања е областа Делхи вo Индија. Престојот тука чини 165 евра, а просечната хотелска соба со три ѕвезди чини само 17 евра од ноќ.

Од друга страна, најскапа дестинација е Кнежеството Монако, каде што петдневното патување чини во просек 2.051 евро.

Најевтините туристички дестинации:

Делхи, Индија - 165 евра за петдневен престој,

Пном Пен, Камбоџа - 203 евра,

Катманду, Непал - 207 евра,

Тбилиси, Грузија - 226 евра,

Меделин, Колумбија - 231 евро,

Хо Ши Мин Сити, Виетнам - 235 евра,

Чианг Маи, Тајланд - 260 евра,

Каиро, Египет - 262 евра,

Луанг Прабанг, Лаос - 264 евра,

Бангкок, Тајланд - 264 евра.

Кога станува збор за најскапите места, францускиот прекуокеански остров Сен Барт е на второто место. Оваа дестинација на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и одлични места за одмор. Г'штад во Швајцарија е трет на списокот. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти.

Најскапите туристички дестинации:

Монако - 2.050 евра за петдневно патување,

Сен Барт, Франција - 1.976 евра,

Гштад, Швајцарија - 1.870 евра,

Рејкјавик, Исланд - 1.739 евра,

Бора Бора, Француска Полинезија - 1.738 евра,

Хонолулу, Хаваи - 1.735 евра,

Сан Франциско, САД - 1.708 евра,

Њујорк, САД - 1.612 евра,

Гранд Кајман, од британските прекуокеански Кајмански Острови - 1.480 евра,

Венеција, Италија - 1.402 евра за петдневен одмор.

Бора Бора е петта најскапа, со просечна цена од 1.738 евра за пет дена претој. Ако пак, сакате бунгалов над вода со пет ѕвезди - тоа чини минимум 900 евра за ноќ. Венеција, Италија, го заокружува топ-10 списокот.  си/

Фото: Г'штад; Википедија.

Остани поврзан