Најмалку 88 луѓе загинаа во поплава во Нигерија
- Најмалку 88 луѓе вчера загинаа во поплавата што го погоди градот Моква, соопштија денеска нигериските власти
Абуџа, 30 мај 2025 (МИА) – Најмалку 88 луѓе вчера загинаа во поплавата што го погоди градот Моква, соопштија денеска нигериските власти.
Според нив голем број луѓе сè уште се во опасност, а спасувачките екипи се на терен.
Градот Моква беше поплавен по неколку часовните обилни врнежи. Но, според локалните медиуми ситуацијата се влошила и поради уривањето на брана во соседниот град. ми/
фото: Икс