• четврток, 26 март 2026

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство

Газа, 20 јули 2025 (МИА) - Палестинското министерство за здравство соопшти дека 73 лица се убиени денеска во различни области на Појасот Газа додека се обидувале да добијат хуманитарна помош.

Најголем број жртви имало во северна Газа, каде што најмалку 67 Палестинци биле убиени чекајќи хуманитарна помош, според Министерството за здравство и локалните болници.

Повеќе од 150 лица биле ранети, од кои некои се во критична состојба, соопштија локалните болници.

Претходно денеска палестинска новинска агенција јави дека 12 Палестинци биле убиени во израелско гранатирање додека чекале да добијат храна во северна Газа и областа на градот Рафа. Десет од нив загинале во северна Газа, додека другите двајца Палестинци биле застрелани северно од градот Рафа, наведува агенцијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан