Најмалку 50 мртви, повеќе од 100 исчезнати откако брод се запали и се преврте во Конго
- Најмалку 50 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати откако дрвен брод се запали и се преврте на река во Конго, изјави денеска локален функционер.

Киншаса, 16 април 2025 (МИА) – Најмалку 50 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати откако дрвен брод се запали и се преврте на река во Конго, изјави денеска локален функционер.
Десетици луѓе се спасени, а многу од нив се здобиле со тешки изгореници.
Потрагата по исчезнатите е во тек, а спасувачки екипи се помогнати од Црвениот крст и локалните власти. јт/
Фото: Х