• четврток, 26 март 2026

Најмалку 35 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Најмалку 35 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Газа, 11 јуни 2025 (МИА) – Најмалку 35 луѓе загинаа во денешниот израелски напад врз Појасот Газа. Поголемиот број жртви биле во близина на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош.

Според претставници на болниците Ал Шифа и Ал Кудс 25 луѓе загинале во близина на центар за дистрибуција на помош управуван од Хуманитарната фондација за Газа (ХФГ). Додека другите десет жртви се убиени при напади врз Хан Јунис, во јужниот дел на палестинската енклава.

Израелската армија сè уште не ги коментирала нападите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан