Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија
- Најмалку 33 лица загинаа, а десетици се повредени во удари од гром во изминатите два дена во североисточната индиска држава Бихар, соопштија денеска властите.
Њу Делхи, 18 јули 2025 (МИА) - Најмалку 33 лица загинаа, а десетици се повредени во удари од гром во изминатите два дена во североисточната индиска држава Бихар, соопштија денеска властите.
Повеќето од жртвите загинаа додека работеле на полињата, изјави шефот на локалните служби за итни случаи.
Според официјалните бројки, најмалку 243 лица загинаа од удари од гром во државата Бихар во текот на 2024 година. мс/
фото: МИА архива