• петок, 05 декември 2025

Најмалку 30 повредени откако автомобил удри во толпа во Холивуд

Најмалку 30 повредени откако автомобил удри во толпа во Холивуд

Лос Анџелес, 19 јули 2025 (МИА) - Автомобил удри во толпа на булеварот Санта Моника во Источен Холивуд во раните утрински часови денеска, при што беа повредени најмалку 30 лица, соопштија службите за итни случаи во Лос Анџелес.

Противпожарната служба на Лос Анџелес изјави дека седум од жртвите се во критична состојба, а шест во сериозна.

Одделот соопшти дека 124 пожарникари помогнале на местото на настанот и дека полицијата истражува.

Булеварот Санта Моника е главна сообраќајница низ Беверли Хилс. Исто така, тој е дел од Патот 66, познат по филмот и популарната музика.

Фотографиите од местото на настанот покажаа темно сив автомобил со големи оштетувања на предниот дел и остатоци расфрлани по патот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан